Земјите од регионот, следната недела се очекува конечно да одлучат за слободен премин на границата. Иако ставот на здравствените власти беше ист и минатата недела, промената на режимот на слободно движење на граѓаните од регионот ќе има епилог на следната „on-line“ средба меѓу земјите од Западен Балкан, Бугарија и Грција, пренесе Алсат.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека бидејќи епидемиолошката состојба е слична во целиот регион, регионалните власти најавија координативен совет за заедничко дејствување во донесувањето одлуки за борба против пандемијата.

Но, претходно треба да се укине условот за ПЦР-тест за да се премине границата.

Пред една недела, Филипче се сретна со неговиот косовски колега Арменд Земај, кој рече дека за границите ќе се одлучува оваа недела, што не се случи. Тие споменаа дека укинувањето на ПЦР негативниот тест може да се замени со серолошко тестирање, брз 15 – минутен тест на граница или дури и целосно укинување, само со носење маски и средства за дезинфекција. Вчера вицепремиерите на двете земји Тахири и Груби се состанаа во Скопје, но освен декларативни заложби, тие не и соопштија на јавноста за каква било одлука што треба да се донесе за олеснување на слободното движење на граѓаните од двете земји или од регионот, објави Алсат.

Најчитани вести