Состојки:

1 кгр. џигер (од ќурка или пилешка)

1 главица поголема кромид

5 чашниња лук

1 дл. црвено вино

1 лажичка сенф

50 гр. масло

бибер по вкус

сол по вкус

босилек по вкус

магдонос по вкус

Подготовка:

Во загреано масло ставете го исецканиот кромид да се прошржи со малку сол. Се додава џигерот да се запржи малку, се налева со 100 мл. вода и се динста на средна температура 20 минути. После 20 минути се додава црвено вино. Откако ќе испари виното за кусо време се додаваат сите зачини и уште малку сол доколку е потребно, се остава да се динста уште 10-15 минути. Пред крај на динстањето се додава згмечен лукот и уште 20-30 мл. маслиново масло. 3-4 минути се динста а потоа се трга на страна. Се сервира топла.

Најчитани вести