Голема предност на овој колач е што на собна температура може да стои дури четири дена

Состојки:

• 350 мл. јогурт

• 200 гр. шеќер

• 150 мл масло

• 50 мл. сок од лимон • 3 јајца • 1 ванила • 600 гр. јрендани јаболка

• 300 гр. брашно

•1 пециво

• 1/2 лажиче сода бикарбона

• 2 лажичиња мелен цимет

• 80 гр. кафен шеќер

• 2 лажици масло

• малку сол

Подготовка

Рерната се загрева на 170 степени. Подмачкајте го плехот или модла за печење. Јогурт, шеќер, масло, лимунов сок, ванилата измешајте ги заедно во посебен сад.

Излупените јаболка исечете ги на коцкички. Додадете ги во смесата со јогуртот, потоа додадете го брашно, пецивото, сода ,сол  и половина цимет и мешајте се заедно додека не стане хомогена. Дел од циметот оставете и помешајте го кафен шеќер и две лажици масло и оставетѕе ги на страна.

Половина тесто ставете го во плех, а преку него распоредете ја смесата со шеќер и масло, а потоа истурете ја останатата смеса.

Печете околу 50 минути покриено со фолија. Пред самиот крај тргнете ја фолијата за колачот да добие зланокафенабоја.

Најчитани вести