Состојки:

1кг. брашно

600 гр. млеко

1.1/2 лажиче сол

150 дл. масло

1 квасец

1 лажица оцет

1.1/2 лажица шеќер

Подготовка:

Во млако млеко се додава квасецот, 3 лажици брашно и еднаипол лажица шекер, се остава да накисне. Во меѓувреме од истото брашно земете еднаипол лажица брашно, еднаипол лажица сол и вода колку да се направи ПРЕЛИВ не многу густ кој ќе го ставете за прелив на кифлите. Кога квасецот ќе фтаса додадете го преостанатото брашно, 150 грама масло, еднаипол лажица сол, 1 лажица оцет сето тоа заедно со брашното добро измесете ги и оставете тестото да нарасне. Тестото двапати се меси. Потоа кинете го со рака и направете од него стапчиња и редете ги во подмачкан плех, премачкајте ги со млеко и ставете ги да се печат околу 7 минути. Извадете ги и прелејте ги со лажица од преливот и повторно ставете ги да се печат. Откога ќе заруменат извадете ги премачкајте ги со масло и повторно ставете ги да се печат уште неколку минути и кифличките се готови.

Најчитани вести