Назим Буши веќе е избран во Демократската унија за интеграција (ДУИ) за функцијата заменик министер во Министерството за внатрешни работи (МВР).
Тој е познат како поранешен командант на 114-та бригада на УЧК, која дејствуваше во Карадачкиот регион во Куманово и Скопје. За време на конфликтот во 2001 година тој ги напушти редовите на македонската армија и се приклучи на УЧК.

Во периодот 1987-1991 година бил дел од штабот на офицери на Аеродромот на Југословенската армија, по независноста на Македонија продолжил на скопскиот аеродром.
После конфликтот во 2002 година, тој беше еден од раководителите на Републичкиот судски совет за безбедност во сообраќајот во Министерството за внатрешни работи, а потоа заменик директор во Агенцијата за заштита и спасување на Владата на Македонија. 

Ангажиран е и како советник во повеќе институции, така што продолжи со ангажман во Македонскиот телеком, назначен од Владата.

До сега тој беше директор на управниот одбор на Македонски телеком.

Извор: Тетова Сот

Најчитани вести