Според истражувањето на Еуробарометар за религиозноста на жителите на ЕУ, спроведено во 2019 година, во Европската Унија живеат 27% нерелигиозни луѓе.

Од нив 17 отсто се агностици, а 10% се атеисти.

Најгоолем број од испитаниците кои се изјасниле како нерелигиозни се во Чешка (56%), потоа во Холандија (52%) и Шведска (50%).

Во Романија, пак, има 1% нерелигиозни луѓе, на Кипар 2%, во Грција 3%, на Малта 4%, во Бугарија 5%, Полска 6%, Ирска и Литванија по 9%.

Понатаму, во Словачка и Хрватска нерелигиозни се 11% од луѓето, во Португалија 12%, Италија 14%, Австрија 16%, Словенија 18%, Латвија 19%, Унгарија 20%, Финска 22%, Луксембург 26%, Германија 30%, Белгија 31%, Шпанија 32%, Обединетото Кралство 37%, Естонија 37% и Франција 40%.

Кога станува збор за религиозни луѓе, во ЕУ најмногу има христијани и тоа 64%. Католиците се најголема христијанска група со 41% од вкупното население во ЕУ, а како православни се изјасниле 10%, протестанти 9%, а останатите христијански групи сочинуваат вкупно 4%.

Муслиманите сочинуваат 2% од населението во ЕУ.

Најчитани вести