Skip to main content
x

16 Sep 2020 - 11:05
sportmedia
Статија

Македонската женска А репрезентација на 22. септември ја пречекува Франција на Националната арена „Тодор Проески“ во натпревар од квалификациите за Европскто првенство. За нашата женска репрезентација ова ќе биде шестиот натпревар од тековните квалификации. Селекцијата на Кирил Изов оствари победа против Казахстан, а запишавме четири порази во пресметките против Србија и Австрија. Силната Франција во досегашните два меча постигна две победи.

Селекторот Изов за натпреварот против Франција нема да може да смета на капитенката Наташа Андонова поради повреда, а Гентјана Рочи има суспензија од еден натпревар поради жолти картони. Кирил Изов за овој дуел прати повик до следните фудбалерки:

ГОЛМАНКИ: Викторија ПАНЧУРОВА (ЖФК Тиверија), Магдалена ЛЕКОСКА (ЖФК СЦ Истатов), Верица КОЛЕВСКА (ЖФК Деспина);

ОДБРАНА: Ане БОШЕСКА (ЖФК Тиверија), Јулија ЖИВИЌ (ЖФК Љуботен), Христина ЈОШЕВСКА (ЖФК Каменица Саса), Павлинка НИКОЛОВСКА (ЖФК Каменица САСА), Даниела ВЕЛЕСКА (ЖФК Деспина), Ивана НИКОЛОВА (ЖФК Тиверија);

СРЕДЕН РЕД: Александра РИСТОВСКА (ЖФК Тиверија), Сара ВЕЛКОВА (ЖФК Тиверија), Елма ШЕМСОВИЌ (ЖФК Скопје 2014), Катерина МИЛЕСКА (ЖФК Деспина), Јана ЧУБРИНОСКА (ЖФК Деспина), Рабија ДЕРВИШИ (ЖФК Каменица Саса);

НАПАД: Теодора ДИМОСКА (ЖФК Тиверија), Ели ЈАКОВСКА (ЖФК Локомотив-Стара Загора), Кристина Мојсоска (ЖФК Асс Јунајтед), Хава МУСТАФА (ЖФК Шкендија), Улза МАКСУТИ (ЖФК Асс Јунајед);

-Имаме навистина големи проблеми со играчкиот кадар за овој натпревар. Покрај отсуството на Андонова и Рочи, не можеме да сметаме ниту на Романа Трајковска и Маја Ангеловска. Поради здравствената ситуација предизвикана од Ковид-19, двете не можат да допатуваат од Швајцарија и Словенија. Маријана Нацева има скршеница на рамото и исто така е надвор од составот. Франција е апсолутен фаворит. Ние ќе се обидеме достојно да се спротивставиме и покрај отсуството на неколку важни фудбалерки за нас, изјави селекторот на македонската женска репрезентација, Кирил Изов.

Собирот на женската репрезентација е закажан на 18. септември во хотел „Парк“ во Скопје. Предвидени се пет тренинзи до натпреварот со Франција.

sportmedia.mk

Најчитани вести