Skip to main content
x

16 Sep 2020 - 8:05
sportmedia
Статија

Вардар 1961 денеска ја почнува новата европска одисеја во Лигата на шампионите. Прв противник на единствениот македонски претставник во ова натпреварување е Мешков Брест, дуелот е закажан со почеток во 18:45 часа.

Двата тима долга историја, најчесто се среќаваа во СЕХА-лига, па добро се познаваат. Глеб Калараш вели дека против белорускиот тим не смеат да се опуштат и добро да внимаваат на екс-соиграчот, Сташ Скубе.

„Мешков Брест е подобар оваа сезона, прво поради Раул Алонсо кој е втора година во тимот, а момците прилагодуваат на неговата тактика. Второ во составот има добри играчи како Скубе и Санталов.

Мора добро да го неутрализираме Скубе, добра е во играта еден на еден, ако го удвоите тогаш знае добро да соработува со пивотот. Тој ќе биде клучен играч во нападот на Мешков. Голема опасност доаѓа од Шкурински, кој е долго време во тимот, не смее да се потцени Малуш, кој е помлад и побрз од Скубе. Не смееме да му оставиме простор на Санталов.

Клучно ќе биде да се одиграат сите 60 минути во високо темпо, неприфатливо е опуштање кога се игра со ривал како Брест Мешков“, вели Калараш.

sportmedia.mk

Најчитани вести