Skip to main content
x

15 Sep 2020 - 22:55
sportmedia
Статија

Вечерна “бомба“ од Лондон. Герет Бејл, односно неговиот менаџер преговара со Тотенхем за враќање на Велшанецот во Лондон. Иако и натаму за фудбалерот на “кралевите“ опција е Манчестер Јунајтед, менаџерот Џонатан Бенет за ББС, изјави…

“Герет Бејл и натаму го сака Тотенхем, преговараме…Тој таму сака да биде“ истакна Бенет.

Тој би требало да биде влучен во големиот трансфер меѓу Даниел Леви и Флорентино Перез на Серхио Регилон. На состанокот Леви го прашал Перез дали може и Бејл да биде вклучен во овој трансфер, а познато е дека во Реал едвај чекаат да се “отарасат“ од Велшанецот. Па така цело попладне се воделе преговорите за враќањето на Бејл во Тотенхем, од каде во 2013 година за околу 100 милиони евра се пресели на “Бернабе“.

Сега се чини дека е време за враќање…

sportmedia.mk

Најчитани вести