Skip to main content
x

14 Sep 2020 - 15:05
sportmedia
Статија

Еди Џордан, поранешниот сопственик на формула 1 тимот „Џордан ГП“ кој се натпреваруваше во 90-тите години на минатиот век, во интервју за британски „Дејли Меил“ тврди дека Мерцедес се повлекува од Формула 1 и веќе се согласи да продаде 70 проценти на компанијата „Инеос“ за 750 милиони евра!

„Инеос е веќе еден од спонзорите на Мерцедес во Формула 1 и ова ќе биде елегантно излегување на тој тим од овој спорт. Тимот ќе ги зачува сите организациски структури во Брекли, но ќе се вика Инеос. Мерцедес ќе задржи само 30 проценти од сопственоста, а Тото Волф повеќе нема да биде шеф на тимот“, изјавил Џордан.

„Дејли меил“, секако, стапил во контакт и со „Мерцедес“, кој ги демантираше ваквите гласини, но на почетокот на оваа година се појави приказна дека Германците ја напуштаат Формула 1 поради радикални кратења на трошоците на компанијата.

sportmedia.mk

Најчитани вести