Да се биде богат, успешен и познат секогаш е голема одговорност и само најсилнит може да се носат со тоа, особено ако станат супер ѕвезди од никој и ништо. Славата е особено тешка за децата, кои стануваат славни и немаат можност за нормално детство, односно нормален живот. Жив доказ е листата на славни во продолжение:

Меколи Калкин

По успехот со „Дома сам“ што го направи најплатен актер во Холивуд, но неколкуте грешни потези наместо да го задржат на врвот почнаа да го влечкаат кон дното. Катастрофата беше неизбежна. Развод на родителите, период на зависности, болен прекин со Мила Кунис, врска со порно ѕвезда ... Меколи веќе некое време настапува со својот кавер бенд и се обидува да си ја врати кариерата, но тешко му оди. 

Едвард Фурлонг

Фурлонг или Џон Конор од Терминатор 2, преку ноќ стана омилен лик, но, за жал, успехот не му траеше долго. Дрогите, алкохолот и проблемите со законот си го зедоа данокот. Неколку пати се најде и зад решетки заради семејно насилство. Во 2013 наместо во затвор заврши на рехабилитација, а од славата останаа само спомените. 

Линдзи Лохан

Јавноста ја запозна на 10-годишна возраст, иако уште од 3 години почнала да се бави со манекенство. И наместо кон врвот, Линдзи тргна кон дното... Прво беше фатена пијана во клуб, па уште еднаш, и уште еднаш... и набрзо ретко кој можеше да ја види трезна. Во 206 се најде зад решетки и беше испратена на рехабилитација. Иако се уште е тука и присутна, тешко дека некој и ги заборави испадите  Линдзи секогаш ќе биде проблематичната актерка. 

Дру Баримор

Кариерата на Баримор почнала кога имала само 1 година. За нејзината пропаст најмногу се виновни родителите - татко и бил алкохоличар, а мајка и ја користела нејзината слава за да влегува во најпознатите њујоршки клубови. Баримор на 9 почнала да пуши, на 11 да пие, а на 13 кокаинот станал дел од нејзиното секојдневие. На 14 веќе била на рехабилитација, за среќа, после неколку скандали се вратила на вистинскиот пат и е навистина успешна актерка.

Аманда Бајнс

Ѕвездата на тинејџерските комедии повеќе не може да се поврзе со ништо смешно и забавно. Од 2011 е пензионирана актерка. Првите проблеми со алкохолот и дрогата датираат од 2009 година. Неколку пати имаше проблеми со законот заради возење во алкохолизирана состојба, се најде и зад решетки... Сега е чест гостин на клиниките за рехабилитација, а навистина беше дете што ветува.

Најчитани вести