На денешен ден пред точно 41 година починал Џуземе Меаца. Легендарнуот италијански фудбалер и тренер ќе остане запаметен како еден од најдобрите фудбалери во историјата на оваа игра. во 1979 стадионот во Милано го доби името по него.  

Меаца е роден 1910 година, а на фудбалската сцена се појавил како 17-годишно момче во дресот на Амбросиана (денешен Интер). 

Два пати го освојувал италијанското првенство и еднаш Купот, а почетокот на Втората светска војна го дочекал надвор од теренот, наводно поради лоша циркулација во ногата. Пропуштил цела година, а веќе следната преминал во редовите на најголемиот ривал на својот матичен клуб, станал играч на Милан. Сезоната 1942/43 ја поминал во Јувентус, а до крајот на војната играл за Варезе. Во репрезентацијата на Италија дебитирал во 1930 година, на натпреварот против Швајцарија (стрелец бил на два гола), а се простил 9 години подоцна на натпреварот против Финска. За репрезентацијата одиграл вкупно 53 натпревари, а постигнал 33 кола. Учествувал на две Светски првенства, на кои Италија била првак на светот - во 1934 и 1938 година. 

Меаца три пати бил најдобар стрелец на италијанскиот шампионат. Бил уметник на дриблингот, а најголемо задоволство му било да го предрибла голманот и сосе топката да влезе во гол.

„Меаца беше голем, непобедлив дури и кога повремено ќе влезеше во страшни кризи предизвикани од сексуалната страст и страста кон фудбалот. Кога ќе ја земеше топката на теренот правеше работи заради кои цел стадион гледаше со отворена уста“, за него велел поранешниот потпретседател на Интер Џузепе Приско.

Мајка му му ги криела патиките

Мајка му не сакала да тренира фудбал. Работела во семејната месарница и сметала дека губи време трчајќи по топката. Дури и му ги криела обувките за да не оди на фудбал, но не успеала - научил да игра босоног. 

Заштитен знак на Меаца било одземањето топка на средината од теренот, со слалом низ целата одбрана, ’измама’ на голманот и рутинска завршница.

 

Не можел без „ноќните дами“

Оставил неизбришлива трага на фудбалските терени, а може да се каже дека тоа го направил и по италијанските бордели. Бил зависен од секс. И ден-денес кружат приказни дека популарниот Пепино пред натпревари редовно ги посетувал „ноќните дами’ за да биде поспремен за настапи.