Поранешниот премиер, Никола Груевски, можно е да не одговара во случајот „Насилства во Општина Центар“.

Неговиот адвокат, Петар Тимовски, на денешното рочиште достави поднесок до судот дека Груевски е помилуван и оти не може да одговара во овој случај.

На денешното рочишта судот одби како сведок да се појави шефот на кабинетото на поранешниот премиер, Никола Груевски, Мартин Протуѓер. Иако најпрво судот инсистираше тој да биде повикан, денеска тој предлог беше одбиен.

Одбраната побара да ги добие цедињата на вештакот од Србија каде што се слушат разговори на дел од обвинетите во случајот. Ова судење продолжи по пауза од шест месеци и денеска судијата Душан Јосифов ги одби сите барања на обвинетите.

Исто така не беа прифатени сведоците Ивица Коневски, Јордан Камчев и Кирил Божиновски.

Најчитани вести