Маж кој сакал да остане анонимен, се пожалил на една интернет социјална мрежа за својот брак.

Имено, тој после три години дознал дека ќеркичката не е негова и дека женаму го изневерила. Потоа раскажал што направил по повод целата ситуација.

- Имам ќерка со жена скоро 3 години. Имав сомнеж дека девојчето не е мое и воопшто не личи на мене. На крај потклекнав и кришум направив ДНК тест. Навистина не беше моја ќерка. Пред една недела и реков на женами за тоа и барав развод. Врискаше, ме удараше, ми зборуваше дека не ме изневерила. Останав мирен и прибран и велев да ми признае и дека ќе и простам. На крај призна дека ме изневерила, но по неа тоа не тоа не било страшно бидејќи се случило само еднаш – истакнал тој и продолжил:

“Секако не и простив. И реков да го земе детето и да оди кај своите родителите неколку дена за да размислам. Кога замина ја променив бравата. Не планирам да и простам и нема тука за што да се размислува, меѓунас е готово, но морав тоа да и го кажам инаку ќе одбиеше да оди. Жал ми е за детето, но јас не сум нејзин татко и таа не е веќе моја одговорност. Мојата наскоро бивша жена нека се јави на биолошкиот татко на детето ако и е потребна помош. Сама себе си ископа дупка и ги уништи нашите животи“.

Во коментарите, мажи ја подржале неговата одлука.

Најчитани вести