Во вечерашното издание на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, Потпретседателот на Граѓанска Опција за Македонија-ГРОМ, Љупчо Пренџов, во реплика кон Павле Трајанов потенцираше дека Зоран Заев нема отворена поддршка од страна на амбасадите на земјите членки на ЕУ во земјава за да направи влада, ниту пак честитки за наводната победа, како и тоа дека моменталната политика нуди услови за полош живот.

Не постои амбасада на држава членка на ЕУ во Македонија која му честитала на Зоран Заев за наводната победа изборите, и да го повика час поскоро да направи влада, таква поддршка отворена кон Заев нема, вели Пренџов.

Пренџов истакна дека граѓаните се разочарани, затоа што пратеници преоѓаат од една во друга политичка гарнитура, иако тие гласале за нив, па имаме изневерени очекувања.

Ние во Македонија имаме актуелна владеачка гарнитура преедводена од СДСМ и ДУИ на којашто и расте дивоградба во центарот на Скопје, во Мавровка и се правиме недоветни распишуваме огласи кој ја градел, кој ќе ја руши, па тендерот пропаднал па никој не сака да ја руши, а пола Македонија знае кој ја гради, вели Пренџов.

Пренџов рече дека од друга страна пак имаме пресметки со политички неистомисленици и некој којшто изградил две бараки за општина Карпош оди на суд и притоа се знае точно кој градел, зошто градел и кои мајстори граделе.

Пренџов потенцираше дека парламентарните избори се направија за датум за преговори, не за албанец премиер, како и тоа дека додека властите тука се коруптивни Македонија нема да добие датум за преговори, а моменталната политика нуди услови за полош живот.

Најчитани вести