Skip to main content
x

10 Aug 2020 - 23:35
sportmedia
Статија

Бразилскиот играч од средниот ред на екипата на Барселона, Артур Мело, нема да му се приклучи на првиот тим на Барселона и нема да патува со експедицијата во Лисабон, каде што каталонците се дел од завршницата на Лигата на шампионите.

По средбата со техничкиот секретар на Барселона, Ерик Абидал, играчот добил информација дека дисциплинската постапка против него ќе биде повлечена, само ако Сетиен реши да го води во Лисабон. Попладнево Артур имал средба и со Сетиен, кој му кажал дека од него нема повеќе потреба, што значи дека суспензијата за Бразилецот останува.

sportmedia.mk

Најчитани вести