Skip to main content
x

10 Aug 2020 - 20:15
sportmedia
Статија

Екипата на Манчестер Јунајтед летово очигледно дека нема да се засили со Џејдон Санчо. Тоа е веќе извесно дека нема да се случи, но затоа пак на Олд Трафорд очигледно дека размислувале и за ваков развој на настаните.

Имаат резервна варијанта, а таа се вика Федерико Киеза, напаѓачот на Фиорентина. Ако и со него не се поклопат коцките што се вели, на Јунајтед нема да му преостане ништо освен да тргне по Даглас Коста од Јувентус кој пак таму е на излезна врата.

Киеза е две години постар од Санчо, има 22 години, и може да игра на сите позиции во нападот.

Тој чини околу 60 милиони евра, додека пак Даглас Коста како последна варијанта е далеку поефтин.

 

sportmedia.mk

Најчитани вести