Skip to main content
x

8 Aug 2020 - 23:05
sportmedia
Статија

Иако се очекуваше многу понеизвесна битка за последното слободно место на Ф8 турнирот од ЛШ во Лисабон, Барселона се чини дури и рутински го доби Наполи во реваншот на „Камп Ноу“ со 3:1 и го потврди местото во едно од најинтересните четврфиналиња против германски Баерн (М).

Предводени од фантастичниот Лео Меси, каталонците во првиот дел покажаа кој е кој на овој меч и со два брзи гола најавија убедлив триумф. Прв погоди Ленгле во 10. минута на мечот, за Меси со еден прекрасен погодок во 23. минута да зголеми на 2:0.

 

До крајот на првиот дел видовме уште два гола и двата од белата точка. За Барса погоди Луис Суарез за 3:0, за веднаш потоа Инсиње да намали на 3:1.

 

Во вториот дел очекувавме многу пожесток притисок од гостите, но тие не успеаја да дојдат до погодок со кој ќе ја вратат неизвесноста на мечот. Во последните 10 минути шанса доби и нашиот Елмас.

sportmedia.mk

Најчитани вести