Во судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Бејрут загина еден либански полицаец, изјавил портпаролот на полицијата.

Досега во протестите против владата повредени се над 100 луѓе, а десетина се хоспитализирани.

Неколку десетици демонстранти упаднаа во зградата на Министерството за надворешни работи, извикувајќи пароли против владата.

Претходно полицијата испали солзавец на демонстрантите кои се обидоа да се пробијат низ оградата за да стигнат до парламентот.

извор: Makfax

Најчитани вести