Големо невреме вечерва го зафати Штип. Како што денеска во текот на целиот ден предупредуваше УХМР да се очекува невреме во форма на пороен дожд, град, грмежи и силен ветер во Македонија истото се оствари.

Социјалните мрежи се преполни со фотографии од поплавени улици ширум земјава, а особено големо внимание привлекоа фотографиите од Штип каден градот буквално плива во вода

Граѓаните го повикаа и градоначалникот Благоја Бочварски да си го види градот и да излезе на терен да се справи со ситуацијата.

Дел од нив се пошегуваа и дека „властите не очекувале дека ќе заврне дожд“.

Курир.мк

Најчитани вести