Демонстранти упаднаа во зградата на Министерството за надворешни работи во Бејрут, извикувајќи пароли против лвадата, пренесуваат светските медиуми.

Претходно денеска полицијата испали солзавец на демонстрантите кои се обидоа да се пробијат низ оградата за да стигнат до зградата на парламентот во Бејрут, за време на протестот поради владините реакции на разорната експлозија во градот.

Околу 7.000 луѓе се собраа на Плоштадот на мачениците во центарот на градот, а некои фрлаа камења кон полицијата.

Либанскиот премиер Хасан Дијаб најави дека ќе предложи одржување предвремени избори во земјата, откако експлозијата во градот предизвика криза.

Тој во телевизиско обраќање ги повика сите политички партии да ги остават несогласувањата зад себе и да работат заедно. Дијаб рекол дека е подготвен да остане на функцијата во наредните два месеци, за да им даде време нас политичарите да применат структурни реформи.

извор: Makfax

Најчитани вести