Имајќи предвид дека многумина сè уште се подготвуваат да одат на одмор, во рамките на можностите што ги диктира пандемијата на коронавирусот, на патиштата секако ќе има и  зголемен број автомобили.

Патувањето може да биде толку долго, па затоа не е лошо да се имаат во предвид неколку едноставни и корисни работи што можат да го направат возењето попријатно, побезбедно и многу помалку стресно.

Токму заради тоа, препорачливо е да ги имате овие 10 работи во автомобилот

1. Очила за сонце

Возењето со очила за сонце е поудобно и побезбедно, особено ако возите кон сончеви места. Затоа е добро да ви бидат секогаш при рака.

2. GPS и Мапа на патишта

Вклучете го GPS-уредот пред да започнете со возењето, за да заштедите дополнително време и да ве спречи да тргнете по погрешна рута. Ако користите мапа на патот, проучете ја добро пред да тргнете.

3. Комплет за прва помош

Се разбира, тоа е задолжително во секој автомобил, затоа проверете дали е на вистинското место во автомобилот и дека содржи сè што ви треба, во случај да ви притреба додека патувате.

4. Флуоресцентен елек

Во повеќето европски земји, тоа е дел од задолжителната опрема во возилото, така што ако вашиот автомобил се расипе, мора да го носите откако ќе излезете од возилото. Осигурајте се дека е на видливо место.

5. Резервни клучеви

Понесете ги во вашиот џеб. Вие нема да бидете ниту првиот ниту последниот возач што ќе ги остави своите клучеви во автомобилот кој автоматски ќе се заклучи. Резервен клуч во џебот може да ви го спаси патувањето и да ви заштеди многу нерви за време на одморот.

6. Паричник со кеш, картички и документи

Тој секогаш треба да биде со вас. На тој начин, ќе имате пари и документи со вас во секое време и ќе можете брзо да регулирате кога нешто треба да се плати, на пример, или кога овластено лице ќе побара документи.

7. Фото апарат/ Камера

Сите се наоѓаме во ситуации кога сакавме да фотографираме нешто, а нема со што. Се разбира, современите паметни телефони го прават ова многу полесно, но не е лошо да си носите и фото апарат заради одредени непредвидливи сообраќајни ситуации.

8. Пијалоци

Подгответе соодветен пијалок однапред, безалкохолен, секако, кој секогаш ќе ви биде при рака кога ви треба освежување, а тоа придонесува многу за подобра концентрација додека возите.

9. Музика

Слушањето на радио на долги патувања може да биде проблем поради мешање на различни станици и фреквенции, особено ако ги преминете националните граници. За да го избегнете ова, подгответе ја омилената музика однапред за да уживате за време на долго возење.

10. Кеса за ѓубре

Една од работите што честопати се заборава на подолги патувања е кеса за ѓубрето кое што го правиме, што може да биде многу корисно за подолго патување.

Најчитани вести