Коронавирусот полека почна да се враќа и во Хрватска каде денеска беа регистрирани 77 заразени и двајца починати, а како причина за тоа се наведува дека е непочитување на мерките и опуштеноста на Хрватите, а особено младите лица.

Хрватскиот епидемиолог Динко Пантариќ рече дека младите кои не се придржуваат кон епидемиолошки мерки, се повеќе страдаат од коронавирусот, повикувајќи се на денешниот нов случај на инфекција кај 18-годишници после забава ноќен клуб.

18 годишникот денес не е во евиденцијата, затоа што е со родителите во апартман во Новаљa, мал град на Паг, изјави епидемиологот Динко Пантариќ, додавајќи дека тој е четвртиот активен случај во Новаља, но дека се заразил во ноќен клуб во Макарска.

Како што додаде Пантариќ изворот на инфекција не е Зрче или некое друго место во Новаља, односно на островот.

- Тоа е, уште еден случај на синдром на ноќен клуб - рече Пантариќ, потенцирајќи дека младите кои не ги почитуваат епидемиолошките мерки се почесто се разболуваат.

Најчитани вести