Заев во изјава за телевизијата повика на воздржаност и разбирање кога станува збор за преговорите за мнозинство и Влада, средбите на работните групи и на лидерите на партиите.

„ЈАС МОЛАМ ЗА РАЗБИРАЊЕ. НАВИСТИНА Е ПОТРЕБНО. НЕ Е ТОЧНО ДЕКА ИМАМЕ ПРЕЛИМИНАРЕН ДОГОВОР“

Во текот на вчерашниот ден повеќе медиуми јавија дека СДСМ и ДУИ веќе се договориле за формирање нова влада, пренесувајќи го писмениот став од СДСМ по средбата на нивниот генерален секретар Љупчо Николовски со Артан Груби од ДУИ.

СДСМ во писмениот став рекоа дека со ДУИ се согласни за повеќе принципи на кои треба да се темели „евентуалната заедничка владина програма“, но во него нема ништо за тоа кој ќе ја води владата, со оглед на барањето на ДУИ за премиер Албанец, макар и само во еден дел од мандатот на новата влада.

Извор од СДСМ вчера за „360 степени“ рече дека ставот по средбата Николовски-Груби не значи и дека е постигнат конечен договор за формирање влада. Истиот извор, сепак, не сакаше да открие во која фаза се преговорите и дали има и кои се евентуалните проблематични прашања.

Најчитани вести