Денеска се регистрирани 200 нови заболени со коронавирус, со што вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 11754 пациенти.

Министерството за здравство информираше дека изминатите 24 часа се регистрирани 15 оздравени пациенти со што  вкупната бројка изнесува 7622, додека пак со денешните 4 починати бројката се искачи на 523 пациенти.

Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3609.

Дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 5116, активни 1305

• Куманово 1139, активни 267

• Дебар 216, активни 125

• Штип 944, активни 392

• Прилеп 344, активни 48

• Тетово 1093, активни 208

• Струга 478, активни 195

• Велес 239, активни 30

• Битола 161, активни 71

• Охрид 298, активни 90

• Кавадарци 104, активни 82

• Гостивар 549, активни 313

• Гевгелија 24, активни 13 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)

• Струмица 40, активни 24

• Крива Паланка 26, активни 12

• Радовиш 33, активни 10

• Крушево 16, активни 7

• Кочани 113, активни 25

• Пробиштип 62, активни 20

• Демир Хисар 42, активни 31

• Македонски Брод 51, активни 40

• Пехчево 6, активни 0

• Берово 8, активни 4

• Валандово 7, активни 1

• Виница 28, активни 24

• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 14, активни 4

• Свети Николе 233, активни 121

• Кичево 188, активни 115

• Ресен 146, активни 17

• Неготино 31, активни 11 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Најчитани вести