Италијанската влада усвои нов пакет економски мерки во вредност од 25 милијарди евра за да ги ублажи ефектите од пандемијата на коронавирус врз економијата и населението.

Премиерот, Џузепе Конте, рече дека овие мерки главно го штитат вработувањето, ги поддржуваат работниците и компаниите.

„Со овие мерки ние го олеснуваме рокот за плаќање данок, им помагаме на регионите, локалните власти и југот“, рече Конте на прес-конференција.

Според мерките, компаниите кои добиваат државна помош за плати нема да можат да отпуштаат работници за тоа време, а бенефиции се предвидени и за отворање на нови фирми.

извор: Makfax

Најчитани вести