Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, најави наскоро дека ќе има детален извештај за ситуацијата во село Карачево, во кое, според наводите на пратеникот на Самоопределување, Мефаиљ Бајќиновци, се појавиле припадници на спрската полиција.

„Нашите граѓани во тој дел нема да останат без заштита од институциите. Нашите акции ќе бидат во согласност со Уставот и законите и ќе бидат координирани со сите безбедносни механизми во земјата“, напиша Хоти на „Фејсбук“, пренесе порталот „Коссев“.

Бајќиновци вчера објави видео од Карачево кај Косовска Каменица во кое, според него, се гледаат припадници на српската Жандармерија.

Тој ги повика косовските безбедносни институции итно да реагираат со цел заштита на граѓаните, суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово.

извор: Makfax

Најчитани вести