Ќе наидувате на пофалби кои изразуваат поддршка и воодушевување. Прифатете ги со отворено срце и не заборавајте искрено да се заблагодарите на секој знак на внимание кој викендов ќе го добиете. Ако повеќе размислите ќе сфатите колку многу луѓе има на кои искрено сте им важни.

Бик (21.04 – 21.05)

Расположението ви е прекрасно и викендов ќе бидете многу комуникативни, но во исто време ќе бидете и невнимателни. Воздржете се од непотребни приказни со кои можете да ги покажете вашите слаби страни и да си создадете потенцијални непријатели.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Не сакате повеќе ништо да трпите, а чувството на спреченост е состојба на тивко незадоволство. Конечно сте сватиле од каде дува ветерот, проблемот сте го анализирале, па сега преостанува финалното пресметување. Сигурно ќе успеете, само напред.

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе имате доволно енергија и елан за да можете да ги решите сите проблеми на кои ќе наидете. На работен план ве очекува експанзија како и подршка од претпоставените, а исто така и со финансиската страна ќе бидете задоволни.

Лав (23.07 – 22.08)

Некоја личност од женски пол ќе игра важна улога во врска со вашата финансиска положба. Интелектуалната активност ќе ви биде зголемена, но под силно влијание на чувствата. Не ја трошете попусто енергијата на долги разговори со банални теми.

Девица (23.08 – 22.09)

Целосно и мирно ќе пристапите кон решавање и реализација на плановите врзани за општествените науки. Ве очекува успешна работа доколку се занимавате со некоја уметност, особено ако е во прашање книжевност. Очекувајте и поголема заработувачка доколку ја завршите работата најдобро.

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе почуствувате како настаните и околностите ви одат од рака. Ќе успеете да создадете посмирени односи со околината. Но сепак ќе постои нешто што по малку ќе ве измачува и ќе врши притисок врз вас. Некои мали провокации можат да ве исфрлат од рамнотежа.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Вашата виталност, кога се работи за професионалната страна на личноста, е голема. И покрј некои неуспеси и финансиски проблеми вие ќе верувате и ќе се надевате. Не се лутете на критиките од страна на партнерот, сигурно тоа го прави од љубов и затоа што сака да ви помогне.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ви се насмевнува среќата. Опуштете се и обидете се да уживате во неа. Бидејќи сте добиле нов извор на приходи, тешко ќе најдете време за разонода и уживање, но само сознанието дека некој го цени вашиот труд а и добро ве плаќа – ќе ви донесе радост и смиреност.

Јарец (22.12 – 20.01)

Идеална доза на оптимизам викендов ќе ви биде неопходна. Навистина ќе имате причина да се сожалувате себе си, но не бидете патетични и не ја малтретирајте околината, зборувајќи дека многу работите и дека немате време за себе.

Водолија (21.01 – 19.02)

Од долгите врски ќе се појави потреба за искрен разговор на чуствителни теми во кои потешко остварувате компромиси. Но љубов нема да ви недостасува. Партнерот ќе ве поттикне на планирање на иднината на вашата врска.

Риби (20.02 – 20.03)

Викендов очекувајте стресови. Поголемиот дел од настаните е поврзан со некоја личност од вашата непосредна околина, па најдобро би било што повеќе време да поминете сами. Не се потпирајте на никого и не се доверувајте.

Најчитани вести