Skip to main content
x

8 Aug 2020 - 12:05
sportmedia
Статија

Новак Ѓоковиќ ја отвори душата, тој во подкастот за канадскиот тенисер, Васек Поспишил откри колку емотивно до доживува тенисот.

Ноле се присети на првиот официјален турнир на кој што учествувал, имал само осум години.

„Се сеќавам на првиот официјален турнир на кој играв. Има само осум години и го добив првиот меч во тај-брејк со 10-8. Бев среќен, но и уморен. Дојде мајка ми и ме прегрна, во тој момент почнав да плачам“, рече Ноле.

Подоцна бил поразен од Виктор Троицки.

„Следниот ден изгубив од Виктор Троицки со 9-0 и одново плачев. Често плачев како дете“.

Неговото семејство е најважно, особено неговата мајка.

„Првата личност на која и се јавив кога остварив голема победа беше мојата мајка. Таа е секогаш тука и во добро и во лошо“, заклучи Ноле.

sportmedia.mk

Најчитани вести