Skip to main content
x

8 Aug 2020 - 12:05
sportmedia
Статија

Денеска со мечот Вардар – Борец и официјално стартува новата 29-та сезона во ПМФЛ во самостојна Македонија. По цели пет месеци, последен пат се играше на 11 март, стартува онаа нашата, домашната фудбалска сцена. Овој викенд со ПМФЛ, а на 22 август и двете втори лиги.

Ќе рече некој сезона ко сезона, но не е така. За првпат ова ќе биде КОРОНА ШАМПИОНАТ. Ова ќе биде досега нешто невидено, без публика, со строги мерки, со дистанца, со внимателност.

Нека тргне па ќе видиме како ќе биде, како за сите во Европа, а во повеќето земји и тоа на големо се игра, така и за нас. ФФМ направи се што можеше да им овозможи услови во сред пандемија на Ковид-19 на нашите клубови да почнат да играат фудбал.

Во ова време невреме, незгодно е да се прогнозира, кој ќе биде првак, кои екипи ќе се борат за излев во Европа, кој пак за опстанок.

Според имињата Шкендија е неприкосновен фаворит, а реално сите останати се тука некаде, можеби отскокнуваат Силекс, Ренова, Шкупи, А. Пандев и Работнички. Вардар е недефиниран, многу промени во играчкиот кадар, никој не знае каде да го стави, во кој кош а да не погреши. Добро е што Пелистер се врати во елитата, како и Беласица.

Сепак, рековме, нека тргне „шоуто“ па после ќе видиме што и како.

Да, се радуваме, затоа што конечно и во Македонија ќе се игра фудбал…

sportmedia.mk

Најчитани вести