ОВР Неготино поднесе известување до ОЈО Kавадарци против 17-годишник од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“.

Имено, на 21.09.2019 околу 16.00 часот пријавениот, заедно со свој другар од Кавадарци дошле во Неготино, каде се сретнале со М.Д. од Неготино и откако набавиле марихуана пријавениот му ја дал за употреба на М.Д.

При вршење на контрола од полициски службеници, тие биле пресретнати како употребуваат марихуана, а при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана помешана со тутун.

Најчитани вести