ОВЕН

Работа: Работата ви е приоритет и максимално сте посветени за остварување на добри резултати на ова поле. Љубов: Ви делува како некои проблеми меѓу вас и саканата личност се враќаат во вашиот живот. Здравје: Ве мачат проблеми со очите.

БИК

Работа: Имате сосема стабилна работна ситуација и немате ниту една грижа на ова поле. Се тече сосема вообичаено. Љубов: Многу сте чувствителни и склони кон раздразливост, лесно се навредувате и лошо реагирате. Здравје: Занимавајте се со спорт.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Доколку се занимавате со работа која е поврзана со маркетинг или слично може да очекувате голем успех. Љубов: Немојте многу да чекате на нови случувања. Сами потрудете се со флертот. Здравје: Проблеми со забоболка.

РАК

Работа: Можно е да имате некои помали непредвидливи трошоци, но на крајот сепак ќе излезе како што треба. Љубов: Партнерот е упорен во својата намера да дознае повеќе пикантни работи од вашето минато. Здравје: Проблеми со несоница.

ЛАВ

Работа: Не сте доволно информирани за моменталните случувања, што може да ви создава мали проблеми во работниот план. Љубов: Ве очекува поволен период за почеток на нови љубовни врски. Здравје: Намалете го внесот на слатки.

ДЕВИЦА

Работа: Вредно работите и се трудите да дојдете до значајна смена на ова поле. Ве очекува поволен период за приватна работа. Љубов: Можно е некои проблеми во вашата љубовна врска да ги ставате „под тепих“. Здравје: Подобрете го здравјето.

ВАГА

Работа: Почетокот на новата работа може да ви биде многу позитивно поставен ако се започнете во текот на денешниот ден. Љубов: Можно е да имате помали расправии со партнерот, но ги решавате. Здравје: Можна е инфекција на грлото.

СКОРПИЈА

Работа: Ви доаѓа период во кој ќе биде многу важно правилно да се организирате по прашањето трошоци и финансии. Љубов: Можно е партнерот максимално да ви е посветен и да се труди да ви удоволи околу се. Здравје: Можен е зголемен апетит.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Успешно ќе решите некои компликации кои се појавиле во претходните денови. Љубов: Доколку скоро сте влегле во емотивна врска, можно е да сфатите дека сте погрешиле.  Здравје: Можна е вртоглавица.

ЈАРЕЦ

Работа: Имате впечаток дека премногу луѓе се меѓаат во вашата работа и спремни сте на сите јасно да им ставите до знаење каде се границите. Љубов: Можно е да бидете малку разочарани во личноста со која сте влегле во некој вид на љубовен однос. Здравје: Водете грижа за главоболката.

ВОДОЛИЈА

Работа: Полека поминувате некој кочници кои сте ги имале на работен план и се чувствувате растеретено после долго време. Љубов: Ви се додворува личност која неодамна сте ја запознале. Здравје: Зголемете го внесот на магнезиум и калциум.

РИБИ

Работа: Можно е да успеете да поправите некои работи на овој план и да сте малку разочарани. Утре ќе биде подобар ден. Љубов: Дистанцата која моментално постои меѓу вас и саканата личност може да се отстрани. Здравје: Проблеми со половината.

Најчитани вести