Состојки:

За 3 кори:

15 белки

45 лажици шеќер

300 гр. сецкани ореви

6 лажици презла

3 лажици брашно

Фил:

15 жолчки

150 гр. шеќер

2 маргарина

150 гр. прав шеќер

2 пудинга – ванила

500 мл. млеко

Подготовка:

1.Кори:

Направете 3 кори и тоа секоја посебно.

Изматете 5 белки со 15 лажици шеќер, додадете е лажица брашно и 3 лажици презла, малку сок од лимон и на крај 100 гр. сецкани ореви. Во плехот ставете хартија за печење и ставете ја смесата да се пече 20 минути на 150 степени, повторете ја истата постапка за уште двете кори

2. Фил: Изматете 15 жолчки со 150 грама шеќер на пареа. Оставете го да се олади. Посебно сварете ги двата пудинга со половина литар млеко, потоа додадете го изладениот фил. Изматете го маргаринот со 100 гр. прав шеќер и соединете го со оладениот фил. Се заедно добро измешајте ги.

3. Секоја кора премачкајте ја со фил. Со фил премачкајте го и горниот дел на последната кора. Горниот дел се декорира по желба со шлаг.

Најчитани вести