Социјалдемократскиот сојуз на Македонија може да излезе со друг мандатар за формирање на Владата, а не со нејзиниот лидер Зоран Заев.

Ова би можело да биде компромис меѓу СДСМ и ДУИ, која може да се откаже од својот предлог за мандатар Албанец.

Партиски извори за ИНА изјавија дека ова прашање е на преговарачката маса, но дека се уште ништо не е конечно, бидејќи на Заев му е тешко да се откаже, бидејќи тој е победник на изборите.

„Ова е еден од преставените предлози, бидејќи се цели да се оди со владин кабинет без багаж и без биографии вмешани во прислушувања и скандали кои беа дел од политичките судири во изминатиот период“, дознава ИНА од партиски извори.

И меѓународната заедница бара Влада со нови имиња, кои не се вмешани во прислушувања, скандали и корупциски афери, но и во други скандали, затоа што сега веќе станува збор за земја членка на НАТО.

Најчитани вести