Во последните 24 часа во Србија 9.922 лица биле тестирани за коронавирус, а 276 биле позитивни, покажуваат најновите податоци на Министерството за здравство.Пет лица кои биле заразени со коронавирус починале.

Во болниците има 3.519 пациенти, што е околу 2.000 лица помалку од пред 10 дена, но тоа не е знак за опуштање, јавуваат српските медиуми.

На респиратор има 118 лица низ цела Србија и тоа најмногу ги загрижува експертите, со оглед на тоа дека станува збор за луѓе чиј живот е загрозен.

извор: Makfax

Најчитани вести