На 06.08.2020 во 14: 47 часот во СВР Велес било пријавено дека во с.Белештевица, Велешко, на место викано „Лавчани“, при обид на С.Н. со трактор да извлече возило во кое се наоѓала екипа на ЕВН, која отстранувала претходно настанат дефект, од надојдена вода С.Н. и возилото на ЕВН биле однесени кон р.Вардар.
При пребарување на околината од страна на полициски службеници од СВР Велес и локалното население, возилото било пронајдено, додека по С.Н. сѐ уште се трага и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Најчитани вести