И покрај пандемијата со коронавирусот, дел од македонската естрада твори и во вакви услови. Една од нив е и Теа Трајковска, која последниве неколку месеци работеше на својот најнов проект. Таа вчеравечер преку социјалните мрежи го промовираше својот нов сингл со наслов „Сенки“, а за кој сними и доста интересен видеоспот.

„Сенки“ е еден од оние проекти што зборуваат сами за себе, снимен во можеби најтешки глобални/локални околности. Верувам дека ќе ги допре моите слушатели и дека сите ќе се пронајдат во оваа приказна која едвај чекав да ја споделам со нив, вели Трајковска.

И овојпат соработуваше со познатиот композитор Лазар Цветковски, кој беше задолжен за музиката и аранжманот, додека пак текстот е нејзино дело. За видеоприказната за новата песна, познатата пејачка довербата им ја даде на режисерите Томи Акимовски и Горан Симјановски.

Инаку, Теа не запира тука, таа вели дека без разлика што ќе се случува понатаму со пандемијата, веќе размислува за следната песна, но секако таа на сите порачува да се чуваат во ова време-невреме, да носат маски, да држат социјална дистанца и да слушаат македонска музика.

Најчитани вести