Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоцски тргна кон создавање парламентарно мнозинство потребно за мандат и нова влада. Откако Димитар Апасиев, лидерот на Левица, јавно соопшти дека двата пратеници од таа партија ќе ги подржат ВМРО ДПМНЕ за состав на нова влада иако нема да бараат учество во неа, денес Мицкоски се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Средбата помеѓу Мицкоски и Али Ахмети траела повеќе од еден час а се случила во македонското собрание. Темата била создавање коалиција за нова влада. Доколку Мицкоски обезбеди поддршка од Левица и од ДУИ, ВМРО ДПМНЕ ќе ги има неопходните 61 пратеници со нивната поддршка, доволно за мандат и за нова влада.

Најчитани вести