Мујезин Осман Аслан починал од срцев удар во Аја Софија, која неодамна е преименувана во џамија, соопштила гратската управа.

“Изразуваме сочуство до семејство и роднините на Осман Аслан, кој почина од срцев удар кој го доживеа за време на извршување волонтерски должности водич во џамијата Аја Софија, наведено е во сооштението.

Црквата Аја Софија изградена е 537 година, а во џамија е претворена 1453 година, веднаш откако војската на султанот Мехмед Освојувач го разорила и опљачкале Константинополис, денешен Истамбул.

Пет века подоцна, 1935 година, за време на проевропските реформи на Турција кои ги предводел Ататурк, претворена е во музеј.

Осумдесет и пет години подоцна, статусот на Аја Софија уште еднаш е променет – повторно во џамија.

Најчитани вести