Skip to main content
x

5 Aug 2020 - 11:55
sportmedia
Статија

Страшни вести доаѓаат од Битола. Борче Јовановски Бамбало е во кома и се бори за својот живот. Фудбалската легенда на Пелистер пред неколку денови имал тешка сообраќајна несреќа, по која тој е во кома во болница во Скопје. Лекарите прават натчовечки напори да го спасат животот на еден од најпознатите битолски фудбалски работници, некогашен фудбалер на Пелистер од златната генерација на овој клуб. Потоа тренер на Пелистер, на Новаци, беше долго време и еден од раководните лица на фудбалскиот клуб од Новаци.

Јасно е дека СПОРТМЕДИА на Бамбало му посакува да ја добие ова најтешка битка, да се избори како што знаеше да го прави тоа во играчката и тренерска кариера, бескомпромисно, со многу волја.

sportmedia.mk

Најчитани вести