Јелена Карлеуша само што се врати од одмор во Турција, заедно со нејзините ќерки Атина и Ника Тошиќ, додека нејзиниот сопруг Душко требаше да се врати на нормален тренинг во Кина. Пејачката со себе носеше и дадилка, која беше биде со децата додека таа одмараше.

Сопругот на Јелена не можеше да оди со нив, бидејќи се врати во Кина, каде во моментов се подготвува за продолжување на фудбалската сезона.

Српските медиуми пишуваат дека за  одморот во кој уживаа неговите убавици во луксузен хотел  ноќта чини 554 евра, а наводно тој како глава на семејството ја платил целокупната сума во Турција.

Иако во земјата е хаос заради епидемијата на коронавирус и малкумина се осмелуваат да патуваат на кое било место, пејачката, за кој знае колку пати, покажа дека е бестрашна. Судејќи според објавите на Инстаграм, таа и нејзините ќерки си поминаа лудо без да прашаат колку чини.

- Јелена имаше бурна година, и се случија многу работи. Имаше многу работа. Иако повеќето нејзини колеги едвај врзуваат крај со крај бидејќи нема работа, Јелена ги нема овие проблеми. Душко платил над 30 000 евра за летниот одмор на ќерките и сопругата. Тие ја избраа Аланија, еден од најлуксузните хотели „Реџум Карија“ каде што ноќ чини 554 евра - вели пријателката на Јелена која откри детали од нејзиниот одмор од соништата.

Најчитани вести