Завршните лекарски прегледи на доброволците кои учестувале во клиничките испитувања на вакцината против Ковид-19 покажале присуство на имунитет и отсуство на нуспојави, соопшти денес руското Министерство за одбрана.

Резултатите од студијата покажале дека сите доброволци имале јасен имунолошки одговор како резултат на вакцинацијата, наведено е во соопштението. Нема нуспојави ниту се забележани неправилности во телесните функции на волонтерите, се вели уште.  

Завршниот лекарски преглед е извршен во Главната воена клиничка болница Бурденко, и тоа во текот на денешниот ден.  

Руското Министерство за одбрана нагласило дека сите фази од развојот и тестирањето на вакцината во целост биле во склад со протоколот на клиничкото истражување.

Доброволците 42 дена од вакцинацијата се вратиле во болница и биле подложени на темелен лекарски преглед, уште се наведува во соопштението.

Најчитани вести