Претседателот на Организацијата на воени ветерани, т.н. ОВК Хисни Гукати, рече дека денес во Албанија полицијата уапсила поранешен член на ОВК, откако Србија испратила нов список во Интерпол, во кој се наоѓало и неговото име.

Тој прецизираше дека албанската полиција го уапсила Муртез Кастрати од Липљани.

Во објавата на Facebook, Гукати побара од ветераните на ОВК да не одат во други земји затоа што, според изворите на неговата организација, Србија му испратила на Интерпол список со имиња на поранешни припадници на ОВК, пренесува „Kosovo Online“.

Гукати побара од Албанија да го ослободи уапсениот поранешен припадник на ОВК што е можно поскоро, а владата во Приштина да „преземе мерки за да се осигура дека веќе немаме вакви случаи“.

Најчитани вести