Состојки:

4 рендани јаболки

3 чаши брашно од по 200 гр.

2 чаши шеќер од по 200 гр.

1 чаша масло исто од 200 гр.

Подготовка:

Јаболката се меша со брашното, шеќерот и маслото, сокот од јаболката не го цедете. Се додава едно пециво или 2 лажичиња сода бикарбона, половина цеден лимот, ванила по желба цимет и две дланки сецкани ореви. Се добро се меша, се става во подмачан плех, рерната се загрева на 200 степени и се пече 20-25 минути. Откога е готов колачот по желба може да се премачка со мармалад и малку сецкани ореви одозгора, или само шеќер во прав со ванила.

Најчитани вести