Skip to main content
x

1 Aug 2020 - 21:05
sportmedia
Статија

Освен што дојдоа до нов рекорд во ФА Купот освојувајќи го пехарот на најстарото светско фудбалско натпреварување, „топчиите“ запишаа уште неколку историски постигнувања со вечерашната победа од 2:1 над екипата на Челзи.

Вечерашната победа над градскиот ривал, за менаџерот на Арсенал, Микел Артета значеше ново историско постигнување. Имено, тој стана првиот човек кој со Арсенал успеал да го освои ФА Купот и како капитен и како менаџер на тимот.

Херојот на Арсенал оваа година во ФА Купот, Обамејанг, пак, стана првиот африканец кој како капитен на еден англиски клуб успеал да го освои овој вреден пехар.

 

sportmedia.mk

Најчитани вести