Skip to main content
x

1 Aug 2020 - 20:15
sportmedia
Статија

Силекс попладнево во Кадино, на гостувањето кај истоимениот клуб, во “генералката“ пред стартот на новата сезона во ПМФЛ успеа да победи со 3:0. Во текот на целиот меч момците од Кратово доминирале, создале неколку шанси а стрелци на головите биле Ивановски два во првиот дел, додека Дурански во вториот дел ги поставил конечните 3:0 за составот на стратегот Горан Симов.

Да кажеме дека Филип Дурански се уште не е регистриран за Силекс. Екс капитенот на кратовци е многу блиску до потпис, го делат само неколку детали за да конечно каже ДА и одново да се најде во тимот на прволигашот од Кратово кој овој месец ќе ја претставува Македонија во Лигата на Шампионите.

sportmedia.mk

Најчитани вести