Skip to main content
x

1 Aug 2020 - 20:15
sportmedia
Статија

Олдам Атлетик го назначи за тренер некогашниот австралиски фудбалер Хари Кјуел. Договорот со екс играчот на Ливерпул е на една година, со опција да биде продолжен на уште една.

41-годишниот фудбалер седнува на клупата на овој тим кој е член на Лига 2 во Англија.

„Овој клуб има потреба од стабилност. Ако успееме да го направиме тоа, потоа ќе дојдат и други елементи“, рече Кјуел.

Кјуел досега беше тренер на Кроули Таун, како и на Нотс Каунти.

sportmedia.mk

Најчитани вести