Skip to main content
x

1 Aug 2020 - 20:15
sportmedia
Статија

Со голот на Лука Станковски во 65.минута, и тоа со прекрасен шут од колу 16 метри, Работнички во својата “генералка“ пред стартот на сезоната го победи Борец со 1:0. Во интересен и динамичен меч, во кој и двете екипи имаа свои шанси, победата му припадна на составот на тренерот Ратко Достаниќ. Да кажеме дека велешани преку Радович ја имаа својата накголема шанса за реми, додека Муарем во еден напад имаше два удари кон голот на Мустафа за нов гол за Равотнички, но првиот шут заврши во пречката, а вториот голманот на Борец едвај ја спаси таа топка.

Работнички на стартот од сезоната гостува во Ѓорче каде се среќава со Македонија ЃП, а Борец пак му гостува на Вардар.

sportmedia.mk

Најчитани вести