Skip to main content
x

1 Aug 2020 - 19:35
sportmedia
Статија

Беласица е во топ форма ако се гледа по денешната “генералка“. Имено струмичкиот прволигаш попладнево во последната пријателска средба ова лето во пресрет на стартот на сезоната, успеа да го победи второлигашот Кожуф дури со 5:0. Стрелци на головите беа Милушев во 5. минута од пенал, потоа стрелаше Каланоски во 40, а Мирчески во 48.минута погоди за 3:0. Водството го зголеми Каланоски со уште еден гол во 74. минута, потоа на 5:0 зголеми нововлезениот Размоски, а точка на мечот стави Митев со гол во 90.минута за конечни 6:0.

Да кажеме дека во рамките на 1. коло во ПМФЛ, следната недела екипата на Беласица дома го дочекува составот на Силекс.

Во Ѓорче пак со 1:0, со гол од пенал во 70.минута преку Ермедин Адем, фудбалерите на Македонија ЃП едвај ја победија жилавата Слога Виница.

sportmedia.mk

Најчитани вести