Skip to main content
x

1 Aug 2020 - 16:05
sportmedia
Статија

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас е познат по своите луди изјави, а сега го даде и најновиот „бисер“ поврзан со себе. Тој вели дека во минатиот живот можеби бил еден од грчките филозофи Питагора или Сократ.

Понекогаш ни луѓето не ги разбираат моите објави на социјалните мрежи. Се обидувам да бидат поинаков, Стефанос е филозоф, доаѓа од земја која има богата историја и не знам, можеби во минатиот живот сум бил Питагора или Сократ“, изјави Циципас кој дури пред две години сватил дека има голем потенцијал за тенис.

Пред две години се пробив меѓу 15-те најдобри тенисери на светот и бев носител на Гренд слем, а тогаш сватив дека имам голем потенцијал затоа што претходно не бев сигурен дали сум доволно добар за професионален тенис“, додаде Гркот.

sportmedia.mk

Најчитани вести